Кога човек е во река до колена на риболов, тогаш е многу блиску до природата. Тоа е прибежиште. Но и одлична телесна вежба.

Mike Cline

Кога бев дете, почнав да купувам книги за мушичарење. До денес имам насобрано над 600 книги на таа тема. Имам мушичарено ширум светот. Некои мислат дека е некаков езотеричен спорт, но јас сум заљубен во мушичарењето.

По 28-годишен стаж во Воздухопловните сили на САД, го пропатував светот, па се пензионирав и се преселив во Монтана, каде човек може да мушичари и планинари колку што сака. Кога не сум во природа, пишувам на таа тема на Википедија.

Никој не ме плаќа за ова. Уредувам бидејќи сум убеден во задачата на Википедија: дека севкупното човеково знаење треба да стои на располагање секому на светов. И тоа бесплатно.

Википедија е непрофитна, и сметам дека само така треба да биде. Не работи за акционери, не полни банкарски сметки. Така Википедија може да се посвети на нејзината задача и нејзините начела. Затоа давам мал прилог секоја година.

Годинава, се надевам дека ќе ми се придружите да дадеме нешто за возврат.