Template:Appeal/Adrianne/mk

Revision as of 16:14, 9 November 2012 by Seddon (WMF) (talk | contribs) (Created page with "{{Template:2011FR/quote |Како девојче имав скапа навика. Книги. Читав сè што ќе ми купеа моите -- и потоа моле...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)

Како девојче имав скапа навика. Книги. Читав сè што ќе ми купеа моите -- и потоа молев за уште. Еден ден решија да си ја спасат сметката. Ми ја купија „Џејн Ер“.

Adrianne Wadewitz

Ми требаа сто години за да го завршам тој огромен роман, но јас се заљубив. Во петто одделение, ни дадоа да предаваме на час за што сакаме. Јас одлучив да предавам за книжевноста на XIX век.

Денес, како што веројатно погодивте, јас сум професор по англиска книжевност. Воедно придонесувам на Википедија, уредувајќи статии за писатели како Мери Шели, авторката на „Франкенштајн“, и Џејн Остин, која го напишала „Гордост и предрасуди“.

Кога ќе помислам на мојата работа на Википедија, не се замислувам само како некој што додава информации; се замислувам и како наставник. Со Википедија, досегнувам многу подалеку од една училница. Само минатиот месец, статијата за Џејн Остин беше прочитана преку 115.000 пати.

На мојот факултет имам пристап до голем број квалитетни извори. Но највеќето луѓе го немаат овој пристап - за нив тие книги се достапни само со плаќање. Уредувајќи ја Википедија, сакам да ја исправам оваа неправда.

Имам љубов кон осознавањето на нови нешта. Отсекогаш сум ја имала. Затоа сум така цврсто убедена дека секој треба да ја има таа можност.

Се согласувате? Тогаш, би ве замолила да ми се придружите во поддршката на Википедија.