Template:Appeal/Editor-Poongothai/mk
Предавав математика 33 години. Учениците секогаш ми даваа чувствуво дека сум млада, и ме потсетуваа колку ја сакам татковината.
Кога отидов во пензија, син ми се загрижи да не се запуштам умствено. Затоа ме воведе во Википедија. Ми објасни дека секој може да учествува и ми покажа како.
Оттогаш, имам напишано статии за квадратни функции, веројатност, графици, табели и разни други нешта. Вкупно имам 7.000 уредувања.
Пишувам на тамилски: мојот мајчин и омилен јазик, што го говорат 85 милиони луѓе ширум светот. Имам подигнато и преку 6.000 аудиоснимки на Викиречникот, кои укажуваат на правилниот изговор на почестите тамилски зборови. Сега повеќе луѓе можат да го осознаат овој прекрасен јазик.
Како учителка и мајка, секогаш бев зафатена. Но сега сум пензионер, а децата ми се возрасни, па времето е само мое -- сите 24 часа! Секој ден го проведувам на Википедија.
Јас сум доброволец. Никој не ме плаќа. Но учеството на Википедија стана мое животно дело. Иако не сум во училница, сепак го правам она што највеќе ме засега: ѝ помагам на нова генерација ученици учат, и тоа на на јазикот што го љубам.
Секој има нешто да понуди и сподели. Би ве замолила да дадете прилог од $5, $20 или $50 за да ѝ помогнеме на Википедија.