Template:Appeal/default/mk

Revision as of 21:39, 9 January 2012 by Jsoby (talk | contribs) (1 revision: re-importing Jimmy 2 translations)


Еве. Template:AppealTimeLeft

Во овој период од годината луѓето ширум светот се здружуваат со заеднички сили да ја одржат и заштитат Википедија.

Доколку секој што го чита ова даде по $10, собирањето средства ќе заврши денес. Но не секој може да одвои, и не секој ќе го стори тоа. И тоа е во ред. Секоја година се наоѓаат доволно дарители за да се покриеме. Годинава би Ве замолил да одвоите $5, $20, $50 или онолку колку што можете - за да ја достигнеме потребната сума пред крајот на годината.

Google веројатно има речиси еден милион опслужувачи. Yahoo има околу 13.000 вработени. Ние имаме 679 опслужувачи и 95 вработени.

Википедија е 5-та најпосетена страница на Интернет која ја користат 470 милиони луѓе месечно – со милијарди прегледи на страниците.

Деловното работење е сосема во ред. Рекламирањето не е зло. Но тука не му е местото. Не на Википедија. Википедија е нешто посебно - како библиотека или јавен парк. Како храм за умот. Место што сите ние го посетуваме за да размислуваме, да научиме и да го споделиме нашето знаење со другите.

Кога ја основав Википедија, можев да ја направам да биде профитна фирма со реклами, но сепак решив да направам нешто поинакво. Низ годините работиме напорно за да ја одржиме нашата самобитност. Си ја исполнуваме задачата, и остваруваме без денгуба.

Годинава би Ве замолил да дадете прилог - за да ја заштитиме и одржиме Википедија.

Ви благодарам,

Џими Велс
Основач на Википедија